Фудбал

Ќе дриблаат 1966 км до Бразил за хумани цели

За слична, но многу подолга авантура се реши еден храбар Американец кој планираше сам да пешачи до Бразил, но во оваа приказна се работи за тројца другари од Англија.

Прекинат натпревар заради пијан судија

Натпревар од англискиот куп бил прекинат на седум минути до крајот откако судијата се повредил, а човекот кој сакал да го замени бил видно пијан.

Најдоброто и најлошото од Серија А

По два ипол месеци или скоро една третина од стартот на новата сезона во италијанскиот фудбалски шампион, „Газета дело Спорт" го состави тимот на до сега најуспешните играчи кои потпишаа летово на чизмата, како и составот со оние кои потфрлија.

Фудбалерите и навивачите си ги заменија местата

Играчите на романскиот второлигаш УТА Арад се главна вест во земјата откако си ги заменија местата и им пееја песни на навивачите.

Офсајд лик на денот: Метју Фламини

Овој случај не е трагичен како оној со голманот од Уругвај кој ја заврши кариерата затоа што по грешка си ги исече прстите, туку е глупав, а актер е фудбалерот од Арсенал кој на дербито против Манчестер Јунајтед го прекршил правилото за носење дресови.

Случајот од Дељадровци се повтори во Англија

Фудбалер од село Дељадровци кое се наоѓа во Општина Илинден во една прилика ни раскажа како во селската лига каде што настапува едвај успеал да го убеди судијата дека постигнал регуларен гол затоа што мрежата била скината. Видео немаме од таа случка.

Голови на неделата

Помеѓу најдобрите десет голчишта од изминатите седум денови се најдоа и мајсториите на Олиќ, Погба, Кавани, Кардозо... кој од кој поубав.

Роналдо - Ибрахимовиќ 1:0

Кристијано Роналдо ја доби првата битка со Златан Ибрахимовиќ, Исланд и со играч помалку издржа против Хрватска, Франција по гостувањето кај Украина има негатива од два гола, а Грција ја победи Романија со 3:1 на првите бараж натпревари за пласман на Светското првенство во Бразил.

Седум фудбалери на Јордан одбија реванш против Уругвај

За арапската азиска селекција на Јордан пласманот во плејофот за Светското првенство им е сосема доволен успех. По петардата на домашен терен од Уругвај, седуммина играчи побараа да не патуваат во Монтевидео за да не се резилат уште еднаш.

Ножички по слободен удар

Уште вакви атрактивни ножички немавме видено. Двајца играчи на селекцијата на Шкотска до 21 година набрзина го напуштија живиот ѕид, но тоа беше само мамка, затоа што голгетерската улога на мајсторски начин ја превзема Калум Петерсон и тоа во гужва.

Ерата на Морати низ бројки

На денешното собрание на Интер новиот газда од Индонезија Ерик Тохир беше и официјално назначен за нов Претседател на Интер кој по две децении ја превзема функцијата на Масимо Морати. 

Цел италијански град навива за Исланд

Фудбалерите на Исланд ќе имаат многу тешка задача против Хрватска во баражот за Светското првенство, но ако успеат да се пласираат тие не само што ќе ја израдуваат својата мала држава, туку и град во Италија каде им се произведуваат дресовите.

Фрустрирачка фотка за Роналдо

Кој е подобар мајстор на фудбалската игра од Меси и Роналдо можеби е само предмет на убедување, но на „Кралската ѕвезда“ има нешто да му каже братот на Меси.

Ди Канио: Јас ќе те научам што е шарлатан

Откако новиот селектор на Ирска, Мартин Онил првата прес конференци ја искористи силно да го искритикува италијанскиот стратег кој дојде на негово место во Сандерленд, стигна и реакцијата.

Последните четири визи за Бразил

Следниот предизвик за типување се бараж натпреварите за Светското првенство наредната година за кое осум селекции ќе се борат за четирите слободни места. Не берете гајле и ако не ви тргнало најдобро на Типстер. Отсега ќе можете и да заработувате кредити

Кристијано Vs. Златан: Оригиналот

Баражите за пласман на СП во Бразил ќе ни донесат одлични фудбалски пресметки, но и еден индивидуален его дуел: Кристијано против Златан. Вакви дуели имало и претходно, па дури и еден организиран од Ерик Кантона пред тој да почне да глуми во порно филмови.

Шпанија на удар заради натпревар во Африка

Репрезентацијата на Шпанија прими жестоки критики заради прифаќањето на повикот за одигрување на пријателски натпревар за одреден финансиски надоместок од челниците на Екваторска Гвинеја, земја богата со нафта каде 75% од народот живее во тешка беда.

Тренер во Премиер лигата преку оглас во весник

Фудбалскиот клуб Кристал Палас е закован на последното место во Премиер лигата, нема тренер, а нема ни заинтересирани кои сакаат да го преземат кормилото на бродот што тоне, па очајните навивачи решија да се пошегуваат малку на сметка на својот клуб.

Селекторот кој од рибари направи фудбалери

Тринидад и Тобаго е најмалата островска држава која стигна до еден Мундијал, а тоа беше во 2006 година. Кон тоа сега се стреми островот Исланд кој има двојно помала популација од Скопје. Макотрпната работа им започна уште пред четири децении со еден не баш познат англиски стручњак.

Изненадувачки гол и за камерманот

Еве нешто и од аматерите од Андора. Голманот кој куртули од 11 метри, во следната акција толку силно ја рогна топката што ги збуни и коментаторот и камерманот кој со тешкотии ја следеше топката.

Роналдо е опасен за твојот компјутер

Ѕвездата на Реал Мадрид, Португалецот Кристијано Роналдо претставува голема опасност за противничките голмани, но и најголема закана за вашите компјутери. Зад неговото име на интернет се кријат најмногу вируси.

Распределбата на парите во Шпанија и Англија

Години наназад разликата помеѓу двата шпански гиганти, Барселона и Реал Мадрид и останатите клубови (со исклучок на Атлетико Мадрид) е огромна, а уште поголема е разликата помеѓу парите кои тие ги земаат од ТВ права. Еве како изгледа распределбата во Шпанија споредена со онаа во Англија.

Бразилците се заситија од премногу фудбал

Кој би помислил дека Бразилците би можеле да протестираат против играњето фудбал? Ете и тоа се случи. Бразилските играчи се обединија во протестот против премногу фудбалски натпревари.

Вака се мести во Русија

Кога Чеченците треба да победат, тие победуваат па дури и да треба судијата да им досуди три пенали за четири минути.