Фудбал

ФИФА дозволи шамии и турбани

По скоро две години пробен период, Светската фудбалска федерација и официјално одобри носење на марами и турбани на фудбалски натпревари.

Викенд на голмански киксеви

Во последно време зачестија голманските гафови. Минатата недела двајца прогласивме за офсајд ликови, а викендов уште неколку од нив посебно се истакнаа, па слободно можеме на сајтов да отвориме и посебна категорија за голмани.

Гол првенец за Ибраими во Серија А

Македонскиот репрезентативец Агим Ибраими ја начна мрежата во елитното италијанско фудбалско првенство. Тимот на Каљари славеше со 3:0 против Удинезе, а нашиот интернационалец асистираше при вториот и одлично се снајде во контра нападот по кој го матираше противникот.поставувајќи го конечниот резултат.

Манчестер Јунајтед против Манчестер Јунајтед

„Манчестер Јунајтед го победи Манчестер Јунајтед со 5:0 во Лига Европа." Постојат шанси ваков наслов да напишеме летово.

Голови на неделата

Уште една недела полна со прекрасни голови. Помеѓу десетте најдобри се најдоа и голчиштата на Бејл, Марковиќ, Хунтелар и Гаитан.

Европскиот првак не е најпопуларен клуб во Германија

Според истражувањето кое го направи францускиот сајт Sportune.fr, иако Баварците се најмоќниот клуб во Бундес лигата и се многу блиску до нова титула во првенството не се најголемиот фудбалски бренд во земјата.

Најдолгиот пат до финалето на Вембли

Фудбалерите на Сандерленд направија сензација со пласманот во финалето од Лига купот, а со тоа привлекоа и свој навивач кој ќе допатува од крајот на светот за да ги гледа во живо.

Најстраствените македонски лацијали во Софија

Група на триесетина наши фанови кои се организираат преку својата фан група ЛФМ синоќа го бодреа својот омилен клуб на гостувањето против Лудогорец на националниот стадион „Васил Левски" во рамките на Лига Европа. Беа присутни на иста трибина, но поради склоп на околности се најдоа во две групи. Едните во друштво на лацијали од целиот Балкан, а другите заедно со Римјаните. Резултатот за жал не им се посреќи.

Зад успехот на Фергусон се крие ќотек со каиш

Алекс Фергусон ја откри неговата најголема тајна. За неговиот успех е заслужна учителката од основно која често го тепала со каиш.

Рома има најскапи навивачи во Италија

Рома доминира во Италија, ама не на табелата во Серија А, туку на табелата според висината на казните кои клубовите ги имаат платено заради испадите на нивните навивачи.

Гаќите на Ѓуровски и другите прослави за црвен картон

Во последно време зачестија лудите прослави на фудбалерите за кои си заработуваат црвени картони, па решивме да ги собереме на купче најбизарните исклучувања, а предводник на оваа група е нашиот Марио Ѓуровски.

Пандев против Порто во Лига Европа

По комплетирањето на натпреварите од 1/16-финалето на Лига Европа, познати се и двојките од осмина-финалната фаза на второто по ранг фудбалско натпреварување на стариот континент.

Паненка од слободен удар

На реванш натпреварите од 1/16-финалето во Лига Европа беа постигнати 44 голови, а најдобриот беше дело на Николас Гаитан од Бенфика кој против грчки ПАОК постигна прекрасен погодок од слободен удар.

Украина остана без европски фудбал

Неверојатно возбудливи натпревари во 1/16-финалето на второто по ранг фудбалско натпреварување во Европа.

Раѓањето на европскиот шампион

На денешен ден во 1900-та година, 11 ентузијасти формираа свој фудбалски клуб, а веројатно ни самите не претпоставувале дека 114 години подоцна овој колектив ќе доминира во фудбалска Европа.

Возбудливи битки во Лига Европа

По изненадувачките резултати на првите натпревари, вечерва на програмата се реваншите од 1/16-финалната фаза во Лига Европа.

Грузиски фер-плеј

Фер-плејот не е мртов. Тоа ни го докажаа фудбалерите на грузиските тимови Динамо Тбилиси и Сиони Болниси.

Кој е најчест резултат во фудбалот?

Статистичари од Холандија анализираа резултати од милион фудбалски натпревари одиграни од 1901-та па сè до минатата година и донесоа неколку интересни заклучоци.

Реал го растури Шалке, реми во Истанбул

На Реал Мадрид не му пречеше лошата традиција и го растури Шалке во Германија, а Челси се извлече од истанбулскиот пекол на последните два натпревари од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Голчиште по 1.256 минути

Голманот на Селтик, Фрејзер Фостер постави рекорд откако немаше примено гол на 13 натпревари, односно 1.256, а неговата неверојатна серија заврши на натпреварот против Абердин и тоа со ремек-делото на Џонатан Хејс.

Бошко Ѓуровски го објави списокот за мечот со Летонија

Новиот селектор на македонската фудбалска репрезентација со неколку новитети во тимот ќе дебитира на пријателскиот меч против Летонија кој е закажан за 5 март на арената „Филип Втори" во Скопје.

Парма делеше правосмукалки наместо знаменца

Играчите на Фиорентина пред дуелот со Парма беа изненадени со невообичаени подароци.

Челси во турскиот пекол, Реал против германската традиција

Со вечерашните два дуела од Лигата на шампионите ќе се комплетира првата рунда во осминафиналето. Дидие Дрогба ќе го нагости својот омилен тренер, а Кралевите ќе се обидат да го подобрат скорот против германските противници на гостински терен.