Група на триесетина наши фанови кои се организираат преку својата фан група ЛФМ синоќа го бодреа својот омилен клуб на гостувањето против Лудогорец на националниот стадион „Васил Левски" во рамките на Лига Европа. Беа присутни на иста трибина, но поради склоп на околности се најдоа во две групи. Едните во друштво на лацијали од целиот Балкан, а другите заедно со Римјаните. Резултатот за жал не им се посреќи.