Минатата година Баерн Минхен ја освои тројната круна, а моќта против Борусија Дортмунд, освен во Бундес лигата ја демонстрираше и во финалето од Лигата на шампионите кога славеше со 2:1.
Но „Милионерите“ и покрај тоа што мака мачат за да се носат во сите погледи со моќниот Баерн, кој сезонава делува опасно и кој ќе напаѓа повторно на сите три фронта, не треба да се грижат околу нивната популарност.
Тие според симпатијата, етиката и атрактивноста имаат највисок коефициент и се на челната позиција пред германскиот првак. На третата позиција е Шалке, а четврта е Борусија Менхенгладбах.
Тимот на нашиот Николче Новески котира на солидното 8 место и е на делба со Хамбургер.