Анализирани биле резултати од преку еден милиони одиграни натпревари во 75 држави и интернационални натпреварувања и првиот заклучок е дека во просек се постигнуваат по 2,77 голови на натпревар.
ОД сумираните резултати може да се заклучи дека предноста на домашен терен се намалувала со текот на времето, фудбалерите од северната хемисфера постигнуваат повеќе голови во лето, но тоа не важи за играчите од јужната хемисфера, како и фактот дека најмалку голови во просек се постигнуваат во Мароко.
Но најважниот заклучок од ова истражување, и оној податок кој ќе ги интересира кладилничарите кои сакаат да се кладат на точен резултат е дека најчест резултат во историјата на фудбалот е 1:1. Со овој резултат завршиле 11% од сите одиграни фудбалски натпревари.
Ако се земат во предвид резултатите од поскоро одиграните натпревари (2000-2012), резултатот 1:1 е повторно најчест заедно со 1:0.
Според нивните пресметки, на фудбалските натпревари во Македонија во просек се постигнуваат по 2,68 голови со што нашата земја е на 39-то место од анализираните 75 држави.