-Кралевите на меѓународна сцена имаат одиграно 52 меча против германските екипи, но немаат ниту една пресметка против Шалке. Нивниот скор на германско тло е катастрофален со само една победа, шест нерешени средби и дури 17 порази.
-Реал Мадрид на последните 26 меча има 22 победи на сите натпреварувања, а тоа е најдолгата победничка серија во кариерата на Карло Анчелоти.
-Импресивен податок за овој тим е што има постигнато гол на рекорден 31 натпревар во низа во Лигата на шампионите.
-По зимската пауза во Бундес лигата, фудбалерите на Шалке немаат ниту еден пораз. Изминатово коло тие ремизираа на домашен терен против Мајнц.
-Во групната фаза Реал постигна 20 гола и го израмни рекордот со Манчестер Јунајтед (1998/1999) и Барселона (2011/2012).
-Рекордни девет голови во групната фаза постигна Кристијано Роналдо.
-Во единствениот двобој на овие две екипи кој се случи во групната фаза пред 15 години Галатасарај беше торпедиран пред своја публика со пет погодоци.
-Заедно со Манчестер Јунајтед и Атлетико Мадрид, тимот од Лондон прими само три голови во фазата по групи и само еден на изминатите пет меча во домашното првенство.
-Единственото искуство на Галатасарај во нокаут фазата се случи минатата сезона кога го минаа тимот на Шалке со вкупен резултат 4:3.
-Турците загубија само еден меч на последните 19 на сите натпреварувања, а на домашен терен се непобедливи веќе 16 натпревари.
-Дидие Дрогба последниот контакт со топката за Челси го имаше при изведувањето на победничкиот пенал во финалето против Баерн Минхен во 2012.
-За осум години престој во Лондон, на 341 меч тој постигна 157 гола, а под водство на Мурињо беше од 2004 до 2007 година. Дрогба со Челси освои три титули во Премиер лигата, четири ФА купови и два трофеи во Лига купот.