Парма делеше правосмукалки наместо знаменца

Играчите на Фиорентина пред дуелот со Парма беа изненадени со невообичаени подароци.

Пред почетокот на натпреварите, фудбалерите најчесто си разменуваат клупски знаменца, но Парма реши да ја промени оваа традиција.

Тие наместо знаменца на фудбалерите на Фиорентина им поделија автоматизирани правосмукалки Robot VR100 од нивните спонзори Folletto.

Ова не е најлудиот подарок кој фудбалери го добиле пред натпревар. Репрезентативците на Чешка пред дуелот со Турција добија локум, чај и ќилим.

26 февруари 2014 - 12:50