Турците се покажаа како одлични домаќини кон гостите од Чешка. Не само што им дозволија да победат со 0:2 на пријателскиот дуел, туку им врачија и интересни подароци пред натпреварот.
Така по традиционалната размена на знаменца, капитенот на Чешка, Томаш Росицки од домаќините си доби локум, чај и ќилим!
Но фудбалерот на Арсенал нема да го памети ова гостување само по подароците. За време на натпреварот, Росицки го фати зорт па мораше на кратко да го напушти теренот заради нужда.
„Кога ќе ти дојде, не можеш сериозно да играш. Можеби беше заради нервозата", изјави засрамениот Росицки по натпреварот.