Зад успехот на Фергусон се крие ќотек со каиш

Алекс Фергусон ја откри неговата најголема тајна. За неговиот успех е заслужна учителката од основно која често го тепала со каиш.

Најтрофејниот тренер во англискиот фудбал и го должи успехот на неговата учителка од основно училиште која го казнувала со ќотек со каиш.

Сега тој каиш стои закачен во неговата работна соба, а на подарок го добил кога починала учителката Елизабет Томсон.

„Шест удари со каишот и паѓате во агонија. Тоа беше казна најчесто затоа што се тепав во школскиот двор", изјави Фергусон.

И самиот Фергусон беше познат по неговата дисциплина и како тренер кој често ги казнува фудбалерите, а тоа го научил од неговата учителка.

„Елизабет Томсон ме инспирираше. Таа имаше сурова одлучност, сè со цел да ве натера да бидете најдобри. Таа дефинитивно влијаеше на тој дел од мојата личност. Не можев да одам на погребот кога почина, но подоцна отидов на гробот. Таа ми го остави каишот. Нејзин роднина ми напиша писмо во кое тој вели „Вие знаете за овој каиш повеќе од било кој друг". Морам да признаам дека моите внуци се плашат од оваа приказна", дополни Фергусон.

28 февруари 2014 - 14:32