Пандев против Порто во Лига Европа

По комплетирањето на натпреварите од 1/16-финалето на Лига Европа, познати се и двојките од осмина-финалната фаза на второто по ранг фудбалско натпреварување на стариот континент.

Горан Пандев ги одигра првите 60 минути од натпреварот на кој Наполи со 3:1 го победи Свонси и се пласираше во следната фаза од Лига Европа.

Во осмина-финалето неговиот тим ќе има уште една тешка задача против Порто. Од другите поинтересни натпревари се издвојуваат и шпанската (Севиља-Бетис) и италијанската пресметка (Јувентус-Фиорентина), како и дуелот помеѓу Тотенхем и Бенфика.

ЛИГА ЕВРОПА - 1/8 финале:

АЗ Алкмар - Анжи
Лудогорец - Валенсија
Порто - Наполи
Лион - Викторија Плзен
Севиља - Бетис
Тотенхем - Бенфика
Базел - Салзбург
Јувентус - Фиорентина

Првите натпревари се закажани за 13-ти март, а реваншите ќе се одиграат по седум дена.

28 февруари 2014 - 09:07