Резултатите на фудбалскиот истражувачки центар од Швајцарија неодамна покажаа дека во конкуренција на најквалитетните 5 европски лиги, екипата на Барселона успеала најлесно да ја качи цената на своите играчи, односно вредноста на сегашниот состав им рипнал за рекордни 365 милиони фунти.
Во Англија очекувано клубот кој потрошил најмногу пари на засилувања е Манчестер Сити каде газдите од Катар фрлаат еден куп пари, но барем оваа сезона без никаков успех. Во новата ера на Сити, тимот го изградиле за 375 милиони фунти, но сега вреди 43 милиони помалку.
Веднаш потоа е Челси, каде Роман Абрамовиќ потрошил 369 милиони фунти за моменталниот состав кој сега вреди 25 милиони помалку. Но за разлика од Сити оваа инвестиција за „Сините“ од Лондон е поисплатлива со оглед на освојувањето на двете европски круни во Лигата на шампиони и Лигата на Европа последните 2 години.
Без да се изненадиме, како најголем домаќин во Англија се издвојува Арсен Венгер кој е познат по операцијата купи евтино, продај скапо. Сегашниот состав на „Топџиите" е создаден за 167 милиони фунти, а моментално вреди 268 милиони фунти. Заедно со Арсенал, уште 11 клубови од Премиер лигата се во позитива во однос на вредноста на играчите.
Вториот дел од анализата на прецизните Швајцарци е колку им е исплатлив влогот на клубовите, односно со парите кои ги потрошиле за создавање на тим колку поени успеале да освојат на крајот од сезоната.
По тој основ на прво место е Челси кој со освоени 75 бода, излегува дека “плаќал“ скоро по 5 милиони за еден бод, на второто место е Манчестер Сити, додека шампионот на Англија математиката покажува дека до титулата за освоени 89 бодови “плаќал“по нешто повеќе од 3 милиони фунти за бод.