Големиот мотиватор на фудбалерите на Атлетико Мадрид доби црвен картон на мечот против Реал Мадрид откако влезе во дискусија со судиите, но дисциплинската комисија реши да му даде остра казна поради која нема да седи на клупата на мечевите против Рајо Ваљакано, Еибар, Реал Мадрид, Селта, Алмерија, Севилја, Валенсија и Еспањол.
Симеоне е суспендиран четири натпревари поради тапкање по грбот на судијата, два за протестирање, еден за аплаудирање поради исклучувањето и еден меч поради тоа што не го напуштил стадионот.
Фудбалската федерација на Шпанија го поштеди Кристијано Роналдо и ме му даде никаква казна за ова боксување во дуелот со Годин.