Причината за стравот во англискиот фудбал се Роман Абрамович сопственикот на Челси и Алишер Усманов кој има 30 отсто од акциите на Арсенал. Според Гардиан, по драматичната недела на руската берза, Усманов загубил околу 809 милиони долари, а сопственикот на Челси поминал подобро и во вода му паднале „само“ 449 милиони евра. И двајцата не загубиле многу, ако се земе предвид нивното вкупно богатство кое се проценува на 13 милијарди долари на Усманов и 12,8 милијарди на Абрамович.
На листата најголеми загубари, Усманов е на првата позиција, Абрамович на третата, а на осмото место со загуба од 150 милиони е сопственикот на Монако, Дмитри Рибољовлев. Дваесет најбогати Руси од почетокот на бурната недела по руската берза, загубиле околу 10 милијарди долари.
Алишер Усманов во Арсенал влезе во 2007. година, кога откупи 14,58% од акциите на клубот. Пет години подоцна, во 2012. година, Усманов купи дополнителни акции и во моментов има 30% од акциите во клубот. Роман Абрамович го купи Челси во 2003. година од Кен Бејтс, кој стана сопственик на Лидс Јунајтед.