Реал на гости во неосвоивата тврдина

Втората шпанско-германска битка во полуфиналето од Лигата на шампионите по втор пат оваа сезона ќе ја видиме помеѓу истите актери. Екипата на Мурињо големото финалето ќе го брка против тимот кој не знае за пораз оваа година во најелитното клупско натпреварување.

-Овие два тима се сретнаа во фазата по групи оваа сезона. Борусија триумфираше на домашен терен со 2:1, а на реваншот во Мадрид беше 2:2.

-Составот на Јурген Клоп е единствениот тим без пораз оваа сезона во Лигата на шампионите.

-Плејмејкерот на Реал Мадрид, Месут Озил е роден во Дортмунд, а кариерата ја започнал во локалниот ривал Шалке.

-Кристијано Роналдо е најдобар стрелец оваа сезона во Лигата на шампионите со 11 гола, а потребни му се уште 3 за да го стигне учинокот на Меси од минатата сезона.

-Реал и Борусија се сретнаа во полуфиналето од ова натпреварување во 1998 година. По првите 2:0 во Мадрид, Шпанците го обезбедија пласманот во финалето, затоа што во Дортмунд немаше голови.

-Борусија Дортмунд е единствениот тим од сите полуфиналисти кој триумфирал оваа сезона на сите 5 средби пред своја публика со скор од 10 дадени и 3 примени гола.

-Реал Мадрид има само една победа на последните 24 гостувања против германските екипи, а кои загубил дури 17 пати.

-За Кралевите ова е рекордно 24 полуфинале во Лигата на шампионите, а за Германците само трето.

24 април 2013 - 11:01