Последниот бизарен случај за трансфер е поврзан со Еквадорецот Брајан Кабезас (20) кој е играч на Аталанта позајмен во Панатинаикос.
На 16. јануари на Кабезас му завршила 6-месечната позајмица во Атина а во меѓувреме за него бил заинтересиран аргентинскиот Индепендиенте.
Кога Аргентинците ги пратиле документите за трансферот преведени на англиски, никој не приметил за грешката: Кабезас во буквален превод од шпански на англиски значи ’главите’ па во фасциклите неговото име стоело како Bryan Heads (веројатно преведувале на Google translate).
Раководните луѓе од КОНМЕБОЛ и УЕФА го одбиле документот како неважечки и трансферот пропаднал. Аталанта сега треба да одлучи што ќе прави со Кабезас.
Во Италија трансфер преодниот рок трае од 3. јануари до 31. јануари.
Muchas gracias a #Independiente por confiar en mi.
— Bryan Heads (@BryanHeads) January 26, 2018
Sobre todo al "Cougar " Damiani.
Será un placer jugar con Nicolas Sunday, Bull Rodriguez y el Cat Silva #TodoRed.
Saludos, Bryan Heads pic.twitter.com/qka8av1WaZ