Индепендиенте - Расинг важи за едно од најголемите дербија во Аргентина, кое ни донесе скроз апсурдна и глупава сцена. Некој торко од трибина погоди фудбалер со риба. Што не извади и ориз и салата?
Во Аргентина се одигра големото дерби меѓу Расинг Клуб и Индепендиенте, клубови од Авељанеда во широкиот круг на Буенос Аирес. Стадионите на двата клуба се оддалечени 100-ина метри еден од друг. Дербито го доби домаќинот со 1-0, иако од 46’ минута играше со двајца играчи помалку исклучени поради црвени картони.
Во КОНКАКАФ Лигата на шампиони (играат екипи од Централна и Северна Америка), Индепендиенте од Панама со 4-0 го испраши Торонто кој неодамна остана без најдобрите играчи Васкез (Катар) и Џовинко (Саудиска Арабија). Вториот гол за домаќините кој го даде Омар Браун беше преубав.
Глазгов е градот во кој се прославиле неверојатни 219 пехари освоени од Ренџерс или Селтик. Тука се уште и Порто, Фенербахче, Олимпија од Парагвај, ЦСКА Софија....
Во секој трансфер преоден рок, а особено во зимскиот, клубовите „колат прасе воочи Божиќ“, па во пет за 12 брзаат да средат документација за ново засилување. И тогаш настанува циркус.
До 85-та минтуа од дербито Индепендиенте - Расинг Клуб немаше голови. А тогаш домаќините поведоа 1:0 и кога беа пред освојување три бода, Лисандро Лопес со фантастични ножички на истекот на 90-та минута постигна неверојатен гол за 1:1.
Џо Феган кој ја освои тројната круна со „Црвените“ и на кои за последен пат им беше тренер на Хејсел трагедијата, му остана уште светската титула. Но за тоа требаше да го совладаат еден од најдобрите тимови од Јужна Америка и да срушат мизерни рекорди на англиските екипи во тоа натпреварување.
Навивач на Индепендиенте во Аргентина во улога на новинар го следел пресот по мечот на неговиот клуб со Бока Јуниорс (1-1). На крај од конференцијата ја покажува својата љубов кон омилениот клуб на дело.
Колумбиецот пред 11 години од Меделин пристигна во Индепендиенте, а толку бил сиромашен што тренерот му купувал храна, облека, копачки и маици. Првата плата што ја земал била 172 евра а сега го бара цела Европа.
Диего Милито даде гол за водство на неговиот Расинг во дербито против Индепендиенте, па реши да се закача со домашната публика на која толку ѝ требаше да се распали. На крајот за две минути домашните дадоа два гола па Милито остана со празни раце.