Помали фудбалски земји поголема драма, Турција е четвртфиналист, ќе се соочи со Холандија

Момците на Винченцо Монтела ја израдуваа фанатичната фудбалска јавност во Турција и го обезбедија третото четвртфинале во историјата на ЕП. Демирал како стопер ја реши Австрија со два комада од кои првиот во 58-ма секунда. Ќе имаат силен противник, а тоа е Холандија која на моќен начин со 3:0 ја збриша Романија.

Австрија - Турција 1:2

Романија - Холандија 0:3

Четвртфинални двојки:

5 јули
Шпанија - Германија (18:00)
Португалија - Франција (21:00)

6 јули
Англија - Швајцарија (18:00)
Холандија - Турција (21:00)

2 јули 2024 - 22:47