Убаво рече Роналдињо нит ги гледам нит ќе ги гледам

Репрезентацијата на Бразил испадна од Копа Америка рано уште во 1/4 финале од Уругвај на пенали (4:2) откако во основниот дел беше 0:0. Бразилските разгалени ѕвезди веќе одамна, долго време не ја играат убавата Joga bonito (Жога бонито), фудбал по кој беа препознатливи секаде во светот. Сега со неколку разни селектори на клупата играат досадно, јалово, безидејно и повеќе мислат на своите шатирани и бланширани фризури отколку на репрезентацијата.

Во пресрет на Копа Америка (пан-дан на Европско првенство за Јужна Америка), легендата Роналдињо во подолго излагање рекол дека нема намера да го гледа Бразил на Копа Америка ниту која било друга репрезентација. Во образложување кажал дека тоа веќе не е тој Бразил на кој навивачите биле навикнати.

И стварно не е. Погледнете како се однесуваа со селекторот Доривал пред пенал-рулетот со Уругвај, ко да не постои:

8 јули 2024 - 09:27