Крос беше еден од најозборуваните фудбалери летово затоа што во јуни откако освои нова титула во Лига на шампиони (петта за него во кариерата), најави дека по крајот на Европското оди во пензија. Заслужена пензија.
Пред елиминацијата од Еуро2024 Крос отворено зборувал во еден германски подкаст на разни теми.
Тони веќе 10 години е надвор од својата земја, живееше во Шпанија каде играше за Реал Мадрид. Таму веќе се одомаќинил, научил јазик, детето оди таму во школо, а во Германија нема намера да се враќа. Поради масовната неконтролирана миграција.
Тој вели дека „Германија изгубила контрола со масовната миграција“ и ги споредил двете земји.
„Верувам дека контролата над некои проблеми како да избега од рака низ годиниве и има причина за тоа. Според мое мислење, причината е што луѓето ги пренаселија.
„Германија ги пречека мигрантите со отворени раце и тоа беше премногу неконтролирано. Мислам дека не го управувавме добро тој многу позитивен пристап кој јас го поддржувам 1000 посто, зошто мислам дека е сензационално што луѓето од надвор доаѓаат кај нас и се среќни“.
Крос додава и дека и самиот мислел дека влијанието од миграцијата е „потценето“ и дека „на крајот испадна многу неконтролирано“.
„Јасно е, кога многу луѓе доаѓаат, секогаш има процент кој не прави добро, како што има и меѓу Германците. Проблеми има насекаде. Премногу е гужва, ги има премногу (мигрантите) и мислам дека луѓето не треба да се етикетираат дека се расисти затоа што зборуваат за тоа“, додав Тони Крос.
Германија е поделена после одлуката на власта на некогашната канцеларка Ангела Меркел да дозволи влез на милиони бегалци од целиот свет во Германија во 2015-та. Во меѓвуреме нејзиниот наследник Олаф Шолц даде зелено светло за реформите во законите за двојно државјанство но тоа ја засили и АфД (Алтернатива за Германија), десничарската партија која се противни на масовната неконтролирана миграција.
АфД победи на неодамнешните европски избори за Европски парламент.
Тони Крос во интервјуто кажал и дека тој би останал да живее во Шпанија откако го напушти фудбалот и Реал Мадрид зошто вели дека не чувствува дека Германија е безбедна земја за неговата ќерка.
„Мислам дека Германија е прекрасна земја и среќен сум што сум тука, но навистина не е истата земја што беше пред 10 години кога си заминав. Во Шпанија времето е поинакво, луѓето се посрдечни, поживи..“.
Трофејниот фудбалер има 7-годишна ќерка и вели дека попрво би ја пуштил да излезе во голем шпански град во 23 часот навечер отколку во германски град. Додал и дека ако се пресели назад пак во Германија би бил загрижен за вечерните излегувања на ќерка му, чувство кое го немал пред 10 години.
Според официјални податоци, мигрантите се одговорни за шест од десет насилни злосторства во Германија. Исто така, иако сочинуваат 14,6% од вкупната популација во Германија, дури 58,5% насилни дела се од мигранти.
Подкастот, на германски јазик: