Натпреварот меѓу Шпанија и Германија донесе прав ролеркостер од почеток до крај. Речиси два ипол часа фантастичен фудбал.
Селекторите на двете селекции се решија за пар замени во старните состави во однос на оние кои играа претходно. Луис де ла Фуенте не менуваше во нападот каде повторно започна со ударното трио Вилијамс-Мората-Јамин Ламал.
Јулијан Нагелсман на спротивната страна тргна со левиот бек Раум наместо Митилштад кој влезе во вториот дел и Лирој Сане наместо Флоријан Вир кој се испостави јунак на Германците во финишот.
Отворен фудбал гледавме уште од почеток на натпреварот. Германија ја имаше првата шанса, Шпанија брзо возврати. Шпанците воспоставија свој ритам преку брзите крилни напаѓачи Вилијамс и Ламин Јамал кои постојано пробиваа. Во 7' минута Шпанците останаа без повредениот Педри кој мораше да го напушти теренот.
На секоја шанса на Германија, Шпанците кои имаа беспрекорен настап во групна фаза со 4/4 победи и гол разлика 9:1, знаеа да возвратат.
Шансите на двете страни не беа искористени па мрежите на Нојер и на Унаи Симон мируваа во првиот дел.
На стартот на вториот дел Шпанија прва го скрши мразот. По една тики-така акција, Дани Олмо натрча на одбиена топка и постигна прекрасен гол за водство на „Црвената фурија“. Голема радост на помалкубројните Шпанци на трибините:
Германија од тој момент тргна на сè или ништо.
Селекторот Нагелсман ги фрли сите карти на маса, ги внесе Вирц, Филкруг и Томас Милер. Напаѓаа „панцерите“ рафално од сите страни, но шпанската одбрана беше на место во голем дел од случаевите.
Во самиот финиш, кога Шпанија беше на чекор од ново четвртфинале на Европско првенство, по еден добар центаршут на Митлштад Јошуа Кимих со глава му спушти на Вирц кој маестрално шутираше а топката од статива се одби во мрежата за 1-1:
Со овој погодок Германија се избори за продолженија.
А таму повторно луда „клацкалица“ и шанса за шанса на двете страни. Германија имаше повеќе од поседот, создаде неколку добри прилики но Филкруг и Вирц не можеа повторно да го совладаат Симон.
Првото продолжение заврши без промени, а во второто златен гол за Шпанија постигна резервистот Микел Мерино од Реал Сосиедад кој со глава го матираше Мануел Нојер за 1-2 и Шпанија влезе во полуфиналето!
Ова значи дека Шпанија ќе го чека подобриот од дуелот Франција - Португалија но таму во полуфинале ќе игра без Алваро Мората кој доби парен жолт картон и тоа при прослава на вториот погодок на Шпанците од клупа, како и Карвахал кој доби втор жолт картон и автоматски црвен во финишот на второто продолжение.