„Фудбалот има сè повеќе и повеќе гледачи, но станува сè помалку и помалку атрактивен. Она што ја направи оваа игра најубава на свет, веќе не е најважно. А после тој процес ќе биде завршен.
Без оглед на тоа колку луѓе гледаат фудбал, ако не обезбедите дека тоа што луѓето го гледаат е нешто што ги задоволува, тогаш единствената корист ќе биде деловна. Тоа е затоа што бизнисот се интересира колку луѓе гледаат. Сепак, за неколку години ќе биде помалку играчи кои заслужуваат да бидат гледани и тогаш сите помалку ќе уживаат во играта која се игра и ова моментално, вештачко зголемено на гледаноста ќе биде готово.
Фудбалот не е само пет минути „најдобри моменти“, најзанимливи делови од мечот. Фудбалот е многу повеќе од тоа, тоа е културен израз, начин на идентификација. Можеби има Уругвајци кои само ги гледаат најзанимливите детали од мечот на репреентацијата, но тоа нема врска со суштината поради која народот се вљубил во фудбалот, најзначајниот знак на препознавање кои луѓето го имаат.
Мислам дека би требало да го игнорираме сценариото кое ни го предложуваат, каде контроверзата, обвинение, утврдување кој е крив а кој не ќе стане опсесија која ја влошува атмосфераа во која фудбалот би требало да биде игран“, вели Аргентинецот Марсело Бијелса, селектор на Уругвај.
68-годишната легенда на времето играл фудбал за Њуелс Олд Бојс во Аргентина и бил член на Олимписката селекција на Аргентина У-23. Како тренер почнал да работи во далечната 1982-ра година и видел се и сешто. Почнал прво како скаут на својот Њуелс Олд Бојс. Таму во 1990-та го поставиле за главен тренер, а после ги водел и мексиканските Атлас и Америка, па Велез Сарсфилд во Аргентина.
Потоа оди во Европа и во 1998-ма го презел Еспањол. Истата година станува и селектор на Аргентина која што ја водеше до 2004-та. Одлични резултати имаше и како селектор на Чиле од 2004-та до 2007-ма.
Големи успеси имаше и со Атлетик Билбао од 2011 до 2013-та па патот го одведе во Олимпик Марсеј, Лил, Лидс Јунајтед кој го внесе во Премиер лига после четири сезони на клупата на овој англиски тим од 2018 до 2022.
Во 2023-та прифатил покана да биде селектор на моќниот Уругвај и стана само втор странец кој добил таква чест и привилегија. Уругвај со него на клупата за првпат во историјата оствари две рекордни победи по ред против Бразил и Аргентина. Познат е по прекарот „El Loco“ што во превод значи „Лудиот“.