Се борите со фрустрација од втората полусезона со слатки колачи? Така барем мислите за Елиф Елмас. По 255 минути фудбал на 14 првенствени натпревари, Македонецот моментално собира сили во родниот град Скопје. Зимскиот новајлија кој пристигна од Неапол за 24 милиони евра му помага на татко му Чеват, пишува Билд.
И покрај тоа што Елмас стана славно фудбалско име, го освои Скудетото, заигра во Лига на шампиони, на Европско, а потоа и во Бундеслигата, не заборава од каде потекнува.
Во слаткарницата Мандарина стои зад пултот, продава колачи, сладолед и лимонада и помага во семејниот бизнис.
„Обожувам да бидам во мојот роден град, да се релаксирам и да ја исчистам главата. Помогањето на татко ми е дел природен дел од тоа“.
Пекарскиот занает го научил пред да ја почне кариерата. Во 2017-та, газдите на Фенербахче дошле лично да го убедат Елмас да се пресели во Турција. Дали сега ги поставува темелите за конечно да стане голем во Лајпциг?
„Овде ги правам моите вежби секој ден, секогаш вложувам дополнителен напор и давам сè од себе. Кога ќе започнат тренинзите, од мене ќе се врати најдобрата верзија“.
Што го прави толку оптимист?
„Имав доволно време да се навикнам на темпото и физичката подготвеност на тренинзите во Бундеслигата“.
Предизвикот на Елмас
„Секогаш ќе се нудам на тренинзите и подготовките и сакам да му отежнам на тренерот кога ќе треба да ја донесе својата одлука за составите“.
Германскиот весник пишува дека предност за него ќе биде тоа што ќе може да се докажува на тренинзите порано од оние кои имаат обврски на ЕП.