Навивачи на Галатасарај копале тунел за влез на стадион

Група навивачи на Галатасарај кои немале среќа да стигнат до влезница за натпреварот против Шалке, биле фатени како копаат тунел во обидот да влезат на стадионот во Гелзенкирхен.

Во областа Рур, но и во цела Германија живеат многу Турци, а голем дел од нив се и навивачи на Галатасарај, па веднаш штом овој тим беше извлечен против Шалке во осмина-финалето од Лигата на шампиони, се знаеше дека за натпреварот во Гелзенкирхен ќе се бара билет повеќе.

Дел од оние што не успеале да дојдат до влезница за натпреварот, биле толку очајни што се обиделе да си ископаат тунел до стадионот. Информацијата ја потврди и спортскиот директор на Шалке.

Некои навивачи се обидоа да ископаат тунел со голи раце", изјави Хорст Хелт.

За нивна несреќа, биле фатени во моментот кога се провлекувале низ ископаната дупка под оградата околу Велтинс арената и тие не успеале во живо да ја проследат големата победа на Галатасатај над Шалке за пласман во четврт-финалето на Лигата на шампиони.

Цената на влезниците за овој дуел кај тапкарошите достигна и до 1.000 евра.

13 март 2013 - 10:38