Барселона конечно ја претстави третата варијанта дресови која е во нежно розова боја.
Компанијата Nike решила на предната страна од дресот да дизајнира дијагонала на која се гледа карта од реонот Ешампле (познат како Нов град) - најнаселен реон во Барселона кој е основан во ХIХ век врз остатоците на стар град и други помали места кои ги обединил во градски конгломерат.
Некои коментираат дека наместо реони, квартови, мапи и карти тие просто гледаат само растегнати линии кои се преливаат.
На грбот е сошиено знамето на Каталонија:
Nike годинава многу креативно работел на создавање на трети варијанти дресови на кои дизајнираше карти од спомен обележја и разни локалитети на градовите од каде доаѓаат клубовите.
Така на пример на третиот дрес на Челси се појави карта од Западен Лондон каде играат „Сините“:
Дизајнирале и карта од северниот дел на Лондон каде игра Тотенхем:
Мапа од Рим на третиот дрес на Рома за сезонава:
Околината на Етихад стадионот во Манчестер дизајнирана на дресот на Сити:
Миланската катедрала (Duomo di Milano) на дресот на Интер:
Траги од мапата на Мадрид на предната страна од дресот на Атлетико: