Иако од страна можеби не делува така, Жозе Мурињо знае што прави. Сезонава Специјалниот влезе на уште една фина листа, онаа за екипите кои имале најдолги серии без пораз во Англија.
Дебитантската сезона на Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед по многу нешта е уникатна иако не личи на таква.
Ја започнаа веднаш по тешкиот пораз на 23. октомври лани од Челси 4:0 на „Стемфорд Бриџ“ - таму каде Мурињо некогаш газеше, а ја завршија на 7-ми мај со пораз од Арсенал кога Мурињо првпат изгуби од Венгер во кариерата.
25 меча „црвените ѓаволи“ беа без пораз. Оваа непобедлива серија на тимот од Трафорд е необична затоа што процентот на успеси им беше 52% - 13 победи и 12 нерешени од кои дури 10 дома! На почетокот на непобедливата серија Манчестер беше 7-ми со 14 бода и 6 помалку од лидерот. На крајот од серијата се 5-ти со 65 собрани бода и дури 19 помалку од лидерот Челси кој во петок (21:00) може да ја завери титулата и математички против ВБА на гости.
НАЈДОЛГИ СЕРИИ БЕЗ ПОРАЗ ВО ИСТОРИЈАТА НА ПРЕМИЕР ЛИГА (20+ меча)
Манчестер Јунајтед декември 2002 - август 2003 21 меч 85,7% на пбеди
Арсенал декември 2001 - октомври 2002 30 меча 83,3% победи
Челси октомври 2004 - октомври 2005 40 меча 82,5% победи
Манчестер Јунајтед февруари 2000 - септември 2000 21 меч 76,2% победи
Манчестер Јунајтед ноември 2004 - април 2005 20 меча 75% на победи
Арсенал мај 2003 - октомври 2004 49 меча 73,5% победи
Челси декември 2007 - октомври 2008 29 меча 72,4% на победи
Манчестер Сити април 2012 - декември 2012 21 меч 71,4% победи
Манчестер Јунајтед декември 1998 - септември 1999 29 меча 69% победи
Манчестер Јунајтед септември 1993 - февруари 1994 22 68,2% победи
Арсенал април 2007 - декември 2007 22 меча 63,6% победи
Нотингем Форест февруари 1995 - ноември 1995 25 меча 60% победи
Арсенал ноември 2008 - мај 2009 21 меч 57,1% победи
Челси август 1998 - јануари 1999 21 меч 52,4% победи
Манчестер Јунајтед октомври 2016 - мај 2017 25 меча 52% победи