Бразилскиот репрезентативец и бек на Атлетико Мадрид Филипе Луис ги зачудил сите со своето знаење во вечерната емисија Late Motiv. На почеток на емисијата Филипе раскажал за неговата љубов кон кинематографијата. Дома имал голема кинотека, а во колекцијата поседувал преку 2.000 филма од различни епохи.
Потоа во разговорот се вклучил и новинарот Кике Пеинад, поранешен фудбалер: „Еднаш Филипе купи Рубикова коцка и ја местеше цело време, без престан.“ Во емисијата побарале од Бразилецот да ги демонстрира способностите. Тој им одговарал на прашањата и паралелно ја наместил Рубиковата коцка. Сите во студиото биле воодушевени како после гол.
„Докажав дека човек може да прави две работи истовремено“, напишал Филипе Луис на Твитер.
„Многу сакам кино, но ме интересираат и други работи. Често барам одговори на многу прашања. Фудбалерите имаат многу слободно време кое може да го користат“, одговорил Бразилецот во емисијата.
#LateMotiv309. Nos encanta @filipeluis, porque es un gran deportista, porque es curioso y tiene inquietud científica y artística y porque…
— Late Motiv #0 (@LateMotivCero) November 27, 2017
¡Te resuelve el cubo de Rubik en lo que le hacen una entrevista! pic.twitter.com/4ubEmdnXcE
Тој рекол дека за фудбалерот најважно е да го употребува мозокот. „Во секој меч е важно да се има карактер и мадиња. Но не играат мадињата - важно е да се уклучи мозок“. Тој во емисијата Late Motiv ја раширил тезата дека: „Умот и интелектот стануваат се поважни. Според мене тие според важност се на исто ниво со талентот. Што повеќе интелект, тоа подобро одлуки ќе носиш во играта“.
Одличниот лев бек е роден на 9. август 1985 година во градот Жарагуа до Сул во северната бразилска држава Санта Катарина.
Кариерата ја започнал во детските категории на Фигуериенсе, па во 2004-та се сели во школата на Ајакс. Едно време игра во Реал Мадрид Б и Депортиво Ла Коруња од каде преминува во Атлетико Мадрид. По краткиот престој во Челси, се врати во Атлетико.
За репрезентацијата на Бразил има 32 настапи и 2 гола. Беше стандарден во квалификациите за Светско 2018 и за очекување е селекторот Тите да го викне на Мундијалот во Русија.