Точно напладне во Нион се одржа ждрепка за 1/8 финале во елитната Лига на шампиони. Клубовите беа поделени во две групи: првопласирани и второпласирани од своите групи. Заедно со Џорџо Маркети од УЕФА, ждрепката ја влечеше и Стефан Шапоиза, некогашен швајцарски репрезентативец кој се прослави во Борусија Дортмунд.
Осминафинале Лига на шампиони, извлечени парови:
БОРУСИЈА МЕНХЕНГЛАДБАХ - МАНЧЕСТЕР СИТИ
ЛАЦИО - БАЕРН МИНХЕН
АТЛЕТИКО МАДРИД - ЧЕЛСИ
РБ ЛАЈПЦИГ - ЛИВЕРПУЛ
ПОРТО - ЈУВЕНТУС
БАРСЕЛОНА - ПСЖ
СЕВИЉА - БОРУСИЈА ДОРТМУНД
АТАЛАНТА - РЕАЛ МАДРИД
Првите натпревари се играат на 16. и 17. февруари и 23. и 24. февруари. Реваншите се на 9. и 10. март и на 16. и 17. март.
Четвртфиналните дуели се предвидени за 6 и април со реванши на 13 и 14 април. Полуфиналето ќе се игра на 27 и 28 април со реванш натпревари на 4 и 5 мај.
Големото финале е закажано за сабота 29. мај 2021 на стадионот „Кемал Ататурк“ во Истанбул.
The 2020/21 Champions League round of 16...
— Football on BT Sport (@btsportfootball) December 14, 2020
🇩🇪 Gladbach v Man City 🏴
🇮🇹 Lazio v Bayern 🇩🇪
🇪🇸 Atletico v Chelsea 🏴
🇩🇪 Leipzig v Liverpool 🏴
🇵🇹 Porto v Juventus 🇮🇹
🇪🇸 Barcelona v PSG 🇫🇷
🇪🇸 Sevilla v Dortmund 🇩🇪
🇮🇹 Atalanta v Real Madrid 🇪🇸
Bring on the knockouts! 🤩#UCLdraw pic.twitter.com/9QnsFY8xpz