Златан Ибрахимовиќ посакуваше еден ден да заигра во Лига на шампиони во својот роден град и тоа ќе му се оствари на 25 ноември кога со ПСЖ ќе му гостува на Малме.
Шведскиот напаѓач таму и ја почна кариера и играше од 1999 до 2001 година пред да замине во Ајакс, а беше дел и младинската академија на клубот.
Тој сака да го гледаат сите жители на Малме и реши да го изнајми плоштадот на кој најавува и други изненадувања кои ги чува за денот на одигрување на натпреварот.
Ете шанса и Фелипе да се упознае со Златан.