Веднаш по ждрепката за групната фаза во ЛШ, најголемо внимание предизвика изјавата на Златан Ибрахимовиќ кој кажа дека еден ден со задоволство би се вратил во матичниот клуб Малме и би играл Лига на шампиони со таа екипа.
Токму ПСЖ на Ибрахимовиќ и Малме се паднаа во иста група, а вчера Парижаните славеа на првиот меч со 2:0. Головите ги постигнаа Анхел Ди Марија и Единсон Кавани. Шведскиот тим беше во центарот на вниманието поради тоа што голем дел играчи прв пат играа ЛШ, а еден од нив и не знаел кој е тој Златан Ибрахимовиќ.
„Ниту еднаш не го спомнавме Златан пред мечот, иако цела Шведска зборуваше за дуелот меѓу Златан и Малме. Убаво е да се слушне дека тој сака да заигра повторно во Малме еден ден, но мислам дека играњето во Малме ќе му донесе голем притисиок“, истакна тренерот на Малме, Аге Хареиде за шведскиот Експресен.
Сите во градот со исчекување го чекаат реваншот во Малме, кога за прв пат после речиси 15 години ќе заигра Златан Ибрахимовиќ. Сепак има и такви кој не слушнале за него.
„ПСЖ е тим составен од репрезентативци. За нас е најважно дефанзивно да бидеме спремни за нив во реваншот. Имаме и ние играчи со меѓународно искуство. Нико (Никола Ѓурѓиќ) играше во Бундес лигата, Маркус Розенберг исто играше долго во странство. Јо Ингет Беркет минатата недела играше против Ракитиќ и Модриќ на мечот Норвешка - Хрватска, така што имаме искусни играчи. Од друга страна, бекот Фелипе Карваљо од Уругвај не знаеше воопшто кој е Златан Ибрахимовиќ“, констатираше Хареиде.
Во следното коло Малме го пречекува славниот Реал Мадрид кој синоќа славеше 4:0 против Шахтјар Донетцк.
Сите 20 голови од првата вечер на ЛШ тука.