Го видовте ли лудиот пресврт на Барса во 98 минута со 7 гола?

Момците на Ханси Флик се нешто посебно. Играат сезона за паметење. Добија натпревар во 32. коло од Лига против Селта на кој губеа 1:3 во 62 минута.

Каталонците поведоа со голот на Феран Торес во 12 минута, но потоа не им одеа работите како што посакуваа, бидејќи на сцена стапи Иглесијас кој возврати со хет-трик во 15, 52 и 62 минута.

Тоа беше само најава за драмата која следуваше. Дани Олмо и Рафиња израмнија во само 4 минути со голови во 64-та и 68-ма минута.

Истите двајца фудбалерите учествуваа и во комплетниот пресврт за конечни 4:3. Олмо беше соборен, а Рафиња погоди од белата точка дури во 98 минута.

Барселона има +7 пред Реал, кој вечера го пречекува Атлетик Билбао.

20 април 2025 - 08:17