Ел класико на 8-ми ноември, Барса против Билбао 3 пати за помалку од 10 дена

Извлечен е календарот и паровите во шпанската Примера, каде Реал Мадрид и Атлетико ќе имаат лесна задача во првото коло, а Каталонците ќе гостуваат на секогаш тврдиот Сан Мамеш.

Новото издание на Ла Лига 2015/2016 официјално ќе започне на 22 и 23 август, но шпанскиот фудбал ќе тргне неколку дена порано, на 11 август со дуелот од Суперкупот на Европа меѓу Барселона и Севиља.
 
Три дена подоцна ќе се игра и првиот меч од Суперкупот на Шпанија меѓу Атлетик Билбао и Барселона, со реванш на 17. август. Два важни дуели за Луис Енрике кој на прес конференцијата вчера изјави: „Триплетата е заборавена, сега одиме кон сикстета“.
 
Кандидатите за титулата нема да ризикуваат многу во првото коло, затоа што ќе играат против екипи кои не беа меѓу првите 6 минатата сезона. Барселона во првото коло ќе игра против Атлетик Билбао и тоа ќе биде нивен трет меѓусебен дуел за помалку од 10 дена (на 14-ти и 17-ти ќе играат во Суперкупот).
 
Лесно отворање би требало да имаат екипите од Мадрид: Новиот Реал на Рафа Бенитез ќе ја започне сезоната против новиот прволигаш Спортинг Хихон, додека Атлетико на Симеоне ќе го пречека Лас Палмас, кој до Примера стигна преку чудо во Плејофот. Првото коло ќе го обележи и дербито на Андалузија меѓу Малага и Севиља на Унаи Емери.
 
Првото Ел Класико ќе се игра на 8. ноември, кога Реал на Бенитез и Барса на Луис Енрике ќе се судрат на Бернабеу. Европскиот и шпански шампион во третото коло му гостува на Атлетико Мадрид во дуел кој во последните неколку сезони донесе неколку изненадувања.
 
Реал Мадрид и Атлетико Мадрид ќе играат на 4. октомври во седмото коло кога на Калдерон ќе стигнат Лос Меренгес, а реваншот на Бернабеу ќе бидена 28 февруари. Во седмото коло Севиља ќе ја пречека Барселона. Арда Туран нема да заигра на Калдерон против својот поранешен клуб, затоа што право на настап ќе има дури во јануари, а Барса во Мадрид ќе гостува на 13. септември. Реваншот на Камп Ноу ќе се игра на 31. јануари.
 
Последното коло на Примера не носи тешки противници за фаворитите во случај да се решава титулата како пред две години кога Атлетико ѝ ја зема титулата на сред Камп Ноу. Реал Мадрид ќе гостува во Ла Коруња, а Барса во Гранада, додека Атлетико Мадрид ќе ја пречека Селта во последното коло. Најтешко гостување во последното коло, ако им требаат три бода ќе има Севиља против Билбао во Баскија.
 
Ла Лига 2015/2016:
1. коло
Атлетик Билбао - Барселона
Атлетико Мадрид - Лас Палмас
Депортиво - Реал Сосиедад
Еспањол - Гетафе
Гранада - Еибар
Леванте - Селта
Малага - Севиља
Рајо Ваљекано - Валенсија
Реал Бетис - Виљареал
Спортинг Хихон - Реал Мадрид