Дваесетгодишниот Густаво Пералта уште од раѓање го загубил својот слух речиси во целост (слуша само 20%). Неговиот сон да заигра фудбал бил толку голем што тој не само што упорно тренирал секој ден, туку и научил да чита од усни, со цел да може да збори со своите соиграчи.
Синоќа, во четвртокот вечер тој дебитирал за славната Олимпија од Парагвај во Купот на таа земја и во триумфот од 6:0 постигнал два гола.
20-year-old Gustavo Peralta suffers from hearing loss since birth (he has only %20 hearing capacity) and he learned to lip read to be able to communicate with his teammates.
— Photos of Football (@photosofootball) July 29, 2021
Yesterday he scored two goals on his Olimpia debut in the Copa Paraguay 👏👏👏pic.twitter.com/8lMCTNili1
Таткото на талентираниот фудбалер, Иларио Пералта раскажал дека син му уште од мал сакал да игра за Олимпија но никој не очекувал дека дебито за прв тим ќе му биде толку успешно со два убави гола.
(Од мал одел на натпреварите на Олимпија во Асунсион)
Пералта-постариот рекол и дека син му е голем навивач на Атлетико Мадрид и Чоло Симеоне.