Необична приказна ни доаѓа од Јужна Америка (а зарем има нешто обично кога фудбалот и овој континент се во прашање?!).
Ај што мајсторот има 37 години и уште игра фудбал, туку е и капитен на Олимпија Асунсион од неговата татковина Парагвај. Синоќа постигна гол со глава во триумфот од 0-3 на гости кај Спортинг Кристал во елитната Копа Либертадорес.