Четвртфинална решавачка ноќ во Лига Европа

Фудбалерите на Валенсија ја имаат најтешката задача на вечерашните реванш средби, а тоа е да станат првиот тим кој успеал да се врати по негатива од 3:0 во ова натпреварување. Јувентус, Порто и Бенфика се со минимална предност.

Јувентус – Лион

- Фудбалерите на Јувентус имаат одличен скор на домашен терен против француските екипи од 8 победи и 2 нерешени. Лион на гости во Италија има 4 победи, едно реми и 3 порази.

- Актуелниот италијански шампион нема пораз оваа сезона во Европа на домашен терен. Последниот пат загубија минатата сезона на четвртфиналниот дуел од Баерн во Лигата на шампионите.

- На 15 средби оваа сезона на меѓународна сцена, почнувајќи од третото квалификациско коло за ЛШ, Лион на 15 средби постигна 14 и прими 11 голови.

- Италијанскиот тим до сега се пласирал 26 пати во четвртфиналето на меѓународна сцена, а скорот им е 18 победи и 8 порази.

Севиља – Порто

- Овие двете екипи имаат само едно претходно соочување во ова натпреварување, а тоа беше во 16 финалето во 2010/2011. Порто отиде понатаму поради гол повеќе во гости. Во Шпанија победи со 2:1, а потоа дома загуби 1:0.

- Севиља на домашен терен против португалските екипи има скор од 4 победи, 2 нерешени и 2 порази. Порто на гости во Шпанија има 5 победи, 2 нерешени и 13 порази.

- По освојувањето на Лига Европа во 2010/2011, ова е прво четвртфинале за Португалците. Шпанскиот тим до сега четири пати обезбедил пласман помеѓу најдобрите 8 екипи на натпреварите под капа на УЕФА. Последните две против Зенит 2005/2006 и Тотенхем 2006/2007 успеа да ги добие.

- Севиља е единствениот тим помеѓу четвртфиналистите кој стартуваше од третото квалификациско коло во Лига Европа, но има само една победа на последните четири средби.

Валенсија – Базел

- До сега ниту еден тим не успеал да се врати по негатива од 3:0 во нокаут  фазата од Лига Европа.

- Овие две екипи на европска сцена се сретнаа во групната фаза од Лигата на шампионите 2002/2003. Валенсија на првиот дуел го декласираше Базел со 6:2, а реваншот заврши без победник.

- Со поразот од Базел, фудбалерите на Валенсија ја прекинаа одличната серија на гости од пет победи на исто толку мечеви, како и одличниот скор од 7 победи и едно реми оваа сезона во Лига Европа.

- Швајцарците немаат пораз на последните пет меча откако беа елиминирани во ЛШ и беа префрлени во ова натпреварување.

Бенфика – АЗ Алкмар

- Тимот на Бенфика минатата сезона стигна до финалето во ова натпреварување.

- На домашен терен Португалците имаат 7 победи, едно реми и 2 порази против екипи од Холандија. На сите последни пет средби Бенфика успеала да триумфира против холандските противници.

- АЗ Алкмар има една победа и едно реми на гостувањата во Португалија, додека на последните шест гостувања во Европа има по 3 победи и нерешени, без ниту еден пораз.

- Последниот пораз на фудбалерите на Бенфика на меѓународна сцена се случи минатата сезона од Барселона. На последните 11 меча тие немаат пораз со скор од 9 победи и 2 нерешени.