ФИФА пред неколку години го основаше центарот МЦСС, кој ги одработува податоците за фудбалските тимови во светот.
МЦСС објави листа на клубови кои дале најмногу фудбалери на стариот контитент и според која води Ајакс. Во Европа во моментов играат дури 77 фудбалери кои потекнуваат од прочуената школа од Амстердам.
Како и на листите од претходните години, така и на последнава зад Ајакс се наоѓа белградски Партизан, кој од својата академија по Европа пуштил дури 74 играчи. Третото место го држи Барселона, која од академијата Ла Масиа дала 54 фудбалери. Веднаш зад Барселона е Шахтјор Доњецк со 50 фудбалери ширум Европа, колку што има и Динамо Загреб. Хајдук Сплит дал 49, а Црвена Звезда 47 фудбалери.
„Податоците покажуваат дека квалитетот на школувањето на млади фудбалери во овие клубови е извонреден“, пишува во истражувањето на МЦСС.
Студијата покажува и дека во 31 лига во Европа, најмногу фудбалери доаѓаат од Бразил 465, од Франција 323, а од Србија 219 играчи. Аргентина е четврта со 192 фудбалери во Европа, а Шпанија е на петтото место со 178. Високо котира и Хрватска, која во европските лиги има 123 играчи.
Што се однесува до клубовите кои даваат најмногу репрезентативци, убедливо прв е Челси со 78% фудбалери што играат за своите репрезентации. Втор е Реал Мадрид со 77,3%, а трета е Барселона со 74,1%.
Кога просекот на години е во прашање, италијанското првенство ги има највозрасните фудбалери со 27,3 години во просек. Стари фудбалери има и руското првенство, 27,2%. Најмлади играчи има во Холандија (24,2), во Словенија (24,4), како и во Хрватска и Финска (24,4).