Сме виделе пасив-агресив, можеби и самите сме биле виновни за тоа во некои наврати: човек што те заглавува со лажни ветувања, ти дава надеж, ама никако да се појави. Другарот на кој што не можеш да се потпреш, ама има еден куп изговори зошто е таков. Роднината што сам се мести за неуспех, па се жали дека нема среќа. Партнерот што кажува дека ќе се јави, па не се јавува додека не стане предоцна за да излезете. И така натаму.