Фотографот Сим Чи Јин вели,
„Отидов во Чингдао на задача од Њујорк Тајмс за да направам приказна за фејскини - праксата да се носи маска од ликра-материјалот од кој се прават костимите за капење. Обично ја носат редовните посетители на плажите секој ден. Носат и костими што го покриваат целото тело и го штитат секој сантиметар од сонцето - вклучувајќи го и лицето. Отидовме да побараме жени - речиси сите беа жени - кои носеа фејскини, а се продаваше во локалните продавници покрај плажа за помалку од 5 долари. Плажите во Чингдао се веќе некое време познати по фејскини, но сум го видел и на други плажи во Кина.“
Основната идеја за заштита од сонце во Кина е поради тоа што традиционално светлата кожа е толку посакувана како нешто убаво, додека темната се врзува со сиромашните селани кои мораат да ‘рмбаат на сонце. Сепак, Кинезите само една генерација ги двои од главно рурален народ - дури во последните 10 години урбаната популација ја надминува руралната. Културолошки, сѐ уште постои традиционалното верување дека белата кожа е поубава - поради асоцијацијата дека темната кожа значи дека некој се мачел на сонце. Често се продаваат и производи за избелување на кожата, па не е тешко да се сфати и замислата зад фејскини.