Дечки, ова однесување НЕ Е опција

Германка патува соло и се наоѓа во Мексико. Се шета и ѝ се натнува „фин дечко“ што инсистира дека е фин и оди по неа. На три јазици му кажа не. Му кажа не со арно, па со лошо, па со директно. Дали ја остави на раат? Додека не го истераа со сила - не. Напротив.

Трагичното е што после објавата, на девојката ѝ пишале неколку жени дека и нив ги малтретирал. Уште потрагично е што многумина ќе кажат дека „ништо лошо не направил“.

Патем, ако мораш да нагласиш дека си фин, нешто не е во ред.

Исто така, не значи не. 

9 јануари 2026 - 11:26