Толку ли е страшно „Домаќинка и менаџерка“?

А жени вие па, место да кажете „Да им ебеме матер на сите, стварно сме и чистачки и докторки и менаџерки и домаќинки“… Ставете тоа нозете во штикли и отидете некаде на пиво… Ве навлекоа на тенок мраз заради кекси…

Една пивара со години веќе пласира реклами во кои тројца пијат пива во сите можни пригоди и ситуации… Па така, ете ги тројцата пијат во кафана, на бротче, на море, во шума… Секаде се пие, а неа (жената) никаде ја нема… Секогаш тие тројца… Веројатно жените не сакаат пиво, не сфаќам, кој кур? Имаат алергиска реакција на пиво? Киселина ги фаќа? Мислам, се појавуваат и жени во тие реклами, еве во последната, една жена ја глуми Мона Лиза и се насмевнува дури откако овој ќе ѝ покаже шише пиво… Друга глуми статуа на загрепска плажа, а трета глуми чистачка во некој караоке бар, додека еден пее, а други двајца пак маваат пиво… Ни информатичарка, ни докторка, ни менаџерка во тие реклами и никој не рече ни „А!“ Ама ни „А!“

Овие од Краш извадија кекси, не знам, „Домаќинка и менаџерка“, се поеба цела држава. Тоа што кексарата со едно свето занимање - домаќинка поврзува и едно професионално - не можело. Кога тројца пијат додека „домаќинка и чистачка“ риба под, а нивните жени „домаќинки и менаџерки“ ги чекаат после пијанка да се вратат дома, тоа е океј.

И така… Додека ве ебе амбалажата, мене како и обично ме ебе содржината. Затоа што во првото ме нервира содржината затоа што ми е одвратна, а од второто, поради кое сите се „узјебаа“, исто ме нервира содржината затоа што е предобра, а малку ја има.

Фала ви многу… Поздрав на жените во Германија, кои во штикли седат на тераси од кафичи и пијат пиво од пола литро (лично сум ја видел таа убавина), па доаѓаат дома после работа и стигаат да бидат и домаќинки, она што и ние мажите можеме да бидеме… Ама не подолго од два дена затоа што третиот ден станот веќе изгледа како Чернобил.

А жени вие па, место да кажете „Да им ебеме матер на сите, стварно сме и чистачки и докторки и менаџерки и домаќинки“… Ставете тоа нозете во штикли и отидете некаде на пиво… Ве навлекоа на тенок мраз заради кекси… Па, јеботе, мило сунце.

Блогер Круле

23 мај 2022 - 00:01