Во 1865 дошло до шокантно откритие откако починал Др. Џејмс Бари - со децении живеел и работел како маж, имал импресивна воена и медицинска кариера, но биолошки бил жена.
Родена е како Маргарет Ен Балкли околу 1789 во Ирска, во време кога на жените им било забрането високо образованаие и професии како медицина, па донела исклучителна одлука. За да почне медицинска кариера, земала машки идентитет и како Џејмс Бари се запишала на Медицинската школа при Универзитетот во Единбург и успешно дипломирала. Потоа отишла во војска, добивала високи чинови и на крај станала генерален инспектор за воените боници. Служела насекаде низ Британската империја и позната била по залагањето за подобра хигиена и услови за војниците и пациентите.
Едно од најголемите достигнувања ѝ се случило во Јужна Африка. Таму го извела првиот заведен успешен царски рез од страна на европски доктор во Африка, а притоа да преживеале и мајката и детето.
Живеела како маж комплетно посветена на избраната патека за една амбициозна жена во медицината, а тајната на крај ја открила медицинската сестра што го подготвувала телото за закопување. Забележала и дека имала стрии на стомакот што укажувало на претходна бременост.
Животот на Џејмс Бери ги истакнуваа огромните бариери со кои жените се соочувале во 19 век и покажува до каде еден човек може да оди, за да придонесе кон медицината. Приказната останува значаен дел од медицинската историја, рефлектирајќи одлучност и пионерска работа и покрај општествените стеги.