Се смета дека првиот царски рез е направен во Швајцарија, во 1500-та година, кога се пораѓала сопругата на Јакоб Нуфер. Се мачела со денови, доаѓале тринаесет бабици на помош, но ниедна не можела да го заврши пораѓањето. На крај, морал да влезе сопругот.
Нуфер имал огромно знаење и вештини поради неговата работа со животни. Било познато дека кастраторите веќе изведувале царски рез на кобили, крави, кучиња, овци и свињи, за да се спаси животот на младенчето кога се мислело дека мајката ќе умре.
Техниката им била позната и на бабиците, но до раниот 16 век, царскиот рез бил дозволен само кај веќе починати мајки. Она што денес го правиме - да се спаси животот на мајката макар и по ризик на смрт на новороденчето било строго забрането.
Но, Јакоб бил очаен.
Кога конечно успеал да добие итна дозвола од властите да ја изведе операцијата на неговата жива жена, со жилет го извел резот и преживеале и мајката и машкото бебе. Не само тоа - мајката успеала да забремени и да роди уште пет пати по природен пат. Ова значи дека Јакоб знаел и матката да ја сошие.
Благодарение на неговата храброст, не ги спасил само жена му и син му, туку и милиони нови луѓе.
Инаку, историчарите не се докрај сигурни во вистинитоста на настанот, со оглед на тоа дека е запишан дури во 1582.