Вистината е баш горчлива - Брендан Фрејзер тврди дека го ставиле на холивудска црна листа затоа што јавно кажал дека бил сексуално нападнат од човек на висока позиција во индустријата.
Во 2003 на настан кој го приредиле организаторите на Златните глобуси и ХФПА (Hollywood Foreign Press Association), Фрејзер тврди дека се случила непријатна интеракција - му се приближил поранешниот претседател на ХФПА, Филип Берк, го допрел за задникот (го издрапал буквално, ако сакате), и не се задржал само таму. Не му било доста, па и прстот го придвижил, според изјавата на Фрејзер.
„Ми се слоши,“ вели Фрејзер. „Се почувствував како мало дете. Како да имам топка во грло. Мислев дека ќе заплачам.“
Тогаш не кажал, затоа што не сакал да биде тоа „дел од неговиот наратив“.
Наводниот настан го натерал да се повлече од јавноста, но и без тоа, понудите од големите холивудски студија едноставно престанале да се појавуваат.
„Не знам дали ова предизвика непријателство од таа група на луѓе, но тишината беше заглушувачка,“ има изјавено Фрејзер.
Берк тогаш тврдеше дека се работи за „тотална лага“, признавајќи дека му пишал на Фрезер и му се извинил, без да признае некаква вина.
„Моето извинување не признава никакво злодело, беше вообичаеното, ако сум направил нешто да го навредам г-нот Фрејзер, не било намерно и се извинувам, ќе каже човекот што се помачил да наложи на некаква секретарка да спреми писмо за извинување без разлика што според него - ништо не се случило.
На прашањето зошто чекал толку време, Фрејзер кажува дека се охрабрил поради #MeToo. Дека ги познава и жените на чело на движењето, како Роуз Мекгоуан, Ешли Џад и Мира Сорвино.
Она што е најсимпатично во среќниот крај (и најверојатно втор почеток за Фрејзер) е што фановите најискрено го подржуваат, му се радуваат и навиваат за него. Го имаат фатено и во едно онлајн интервју како е трогнат скоро до солзи кога ќе му каже соговорникот колку многу подршка има.
@littlelottiecosplay “Shucks, ma’am!” 🥰🥰🥰 Adding to the Brendan love from earlier today. #brendanfraser #themummy #mummytok #rickoconnell
♬ A-O-K - Tai Verdes
Филмот ќе биде Killers of the Flower Moon, и им се придружува на Леонардо Дикаприо и Роберт Де Ниро.