Тоа што навистина е играчка може да се најде на сајтови за препродажба на винтиџ парчиња, а кај нас и по подруми и по бувјаци.
Послужила за инспирација на новата минијатурна ташна на Валентино, затоа што била меѓу омилените играчки во Италија во ‘60-те години на минатиот век. Истата деценија, Валентино метеорски се качува нагоре и стекнува статус на еден од најпрестижните и најбарани луксузни брендови на светот. Идејата е на Алесандро Микеле, за неговата прва колекција за Валентино (есен/зима 2026) и е во чест баш на овој успешен период на брендот.
Прикажана е прв пат на крајот на претходната година, обично на гала-настани, но во последниве неколку дена почна и кампањата каде што баш мачето е во центарот на вниманието.
Официјалното име е La chat de La Maison и истиот мотив го има на накит, приврзоци, делови од гардероба (патики, дуксери, маици).
Инаку, влегува во категоријата novelty bags - торби што имаат необичен, забавен или тематски дизајн и се изработуваат во облик на различни предмети, животни, храна, играчки и книги. Последната најпозната ваква торба ја прикажа Џонатан Андерсон во колекцијата за пролет/лето 2022, за неговиот бренд JW Anderson - гулаб торба.
Андерсон стои и зад Loewe, чија креатива ја водеше 11 години, пред да отиде во Диор, а таму остави торба во форма на патлиџан.