Излезе трејлерот за House of Gucci, и нешто ни кажува дека ќе го имаме истото пискачко воодушевување како после Круела. Лејди Гага блеска уште од трејлер, конечно го има Џереми Ајронс во хај-профајл продукција, и Џаред Лето повторно се изживува со сопствениот физички изглед. Пука од Оскаровци (и номинирани и победници), а ќе глумат и Адам Драјвер, Ал Пачино и Салма Хајек.
Доаѓа во ноември, ќе си почекаме, ама еве, гледате како брзо поминува времето во пандемија.