Кратка историја на Готите

Што имаат заедничко фановите на пост-панк музиката со варвари?

Одговорот е „ништо посебно“, ама па тоа го наметнува прашањето зошто и двете страни се викаат Готи? Чудна коинциденција или постои подлабока врска што се протега низ векови поминато време? 

Готите играат голема улога во периодот на пропаѓањето на Западното римско царство - и со крајот на класичната ера, на сцена стапува периодот што го нарекуваме - The Dark Ages. Со нив доаѓа и нов уметнички стил, помрачен, полн со религиски симболи и алегории, наместо пропроции и реализам. Се градат катедрали, помрачни, поскелетални кои го истакнуваат светлиот, огромен простор внатре во светите места, наспроти едноставните крути ѕидови во класицизмот.

Во ренесанса, модата поминува, и „готскиот“ стил конечно го добива своето име, и тоа како погрдно, што се однесувало на народите што ја уништиле класичната култура.

Но, како и обично, се менува модата, а со тоа и нејзините приврзаници - се појавуваат Гете и Бајрон кои ја ценат мрачната естетика на некое поранешно време, па се воскреснува терминот „готско“ - станува синоним за помрачни дела, меѓу кои и романот на Хорас Валпол, „Замокот во Отранто“, чии елементи се среќаваат во стотици подоцнежни дела (и книги и филмови) што ги знаеме до ден денес.

За уметност и литература, терминот се користи до 1970-те. После тоа го имаме пост-панкот, каде што естетиката е мрачна, се осврнува на класичниот хорор и се појавува андрогената глам-мода.

Во ‘80-те, медиумите веќе го користат терминот „gothic rock“.

И понатаму, веќе сме родени сите - станува јасно:

10 август 2021 - 13:38