Излезе трејлер за нова „Пепелашка“ со Камила Кабејо во главната улога, каде што приказната е малку (ок, МНОГУ) изменета и адаптирана за новово време во кое живееме. Од трејлерот за филмот што ќе оди на Прајм Видео, можеме да видиме дека е мјузикл (нема ново тука) и дека Пепелашка е всушност дизајнер на облека (ново), дека сака да има свој бизнис (скроз ново!) и дека Били Портер (овој Били Портер) е добрата вила.
„Главниот“ фустан, што во цртанот на Дизни предизвикуваше воздишки кај луѓе од 7 до 77, е во најмала рака антиклимактичен, особено во споредба со аутфитот на самовилата, особено прединфарктно е кога за момент ќе помислиш дека ќе ја пушти во тоа жално, небесносино оделце. Навиваме ние за power suit на бал, ама не таков.
Има и глувци, се разбира дека еден од нив е Џејмс Корден, маќеата е Идина Мензел, а кралот е Пирс Броснан.
Веројатно не смееме многу да очекуваме дека ќе заврши со принцот.
Sирнете сами: