Во основа, колор-терапија, или хромотерапија во пракса ја става идејата дека на луѓето да им покажуваш одредени бои може да помогне во третирање на стрес, па дури и физичка болка. Истражување од 2005 со наслов: Критичка анализа на хромотерапијата и нејзината научна еволуција, објаснува дека
Хромотерапијата е метод на лечење што го користи визуелниот спектар (бои) на електромагнетското зрачење за лечење на болести. Концептот постои со векови и успешно се користи.
Освен тоа - едноставно е и бесплатно, а некои храбро кажуваат дека може да ни го промени и животот.
„Во нашата култура веќе ги поистоветуваме боите со начинот на кој се чувствуваме и затоа терапијата ги поврзува луѓето со нивните емоции,“ вели Констанс Харт, експерт за колор терапија и основач на Conscious Colors. „Станува прекрасен терапевтски начин да откриеш каде се наоѓаш емотино. Ги знаеме очигледните работи, како кога сме лути, или тажни или многу среќни, но постојат повеќе нијанси на нашата емотивна палета како човечки суштества. Таквите нијанси се наоѓаат и на палета на бои.“
Оваа наука, иако практично новородена, добива сѐ повеќе внимание, особено кога ќе се поврзе со терапија со светлина. „Терапиите со боја и светлина се користат за третирање на различни состојби кај физичкото и менталното здравје,“ вели Падма Гулур, професор по анестезиологија на универзитетот Дјук. „Терапија со силно светло се користи кај нарушувања со расположение и емоции, како депресија на пример, а зеленото светло е докажано дека ублажува мигрени.
На пример, еден од последните трендови - очилата за сина светлина се бројат како колор терапија. „Филтрите се препорачуваат за луѓе што долго време гледаат во компјутерски екран за да се избегнат главоболки, суви очи и слично,“ вели Др. Гулур.
Некои истражувања покажуваат дека колор-терапијата има корени уште во античките цивилизации, Египет, Грција, Кина и Индија. Египќаните користеле сонце и боја за да се залечат.
„Според старата Египетска митологија, уметноста на хромотерапијата ја открил богот Тот. Египќаните и Грците користеле минерали во боја, камења, кристали и пигменти како лекови и бојадисувале светилишта во одредени бои. Во стара Грција, физичката природа на бојата била доминантна. Била тесно врзана со лекувањето и обновувањето на балансот. Алишта, масла, гипс, мелеми се користеле за да се лечат болести. Не биле свесни за биолошките промени во телото како резултат на колор-терапијата, а сепак, слепо верувале во лековитите способности на боите.“
Објаснувањето лежи во тоа дека боите технички не постојат - нашиот мозок преведува светлосни бранови во различни должини и фреквенции. Овие светлосни бранови имаат мисли што им одговараат, како и чувства и броеви. Сите вибрираат различно. Всушност, потсвеста е таа која реагира на боите, или со други зборови, мозокот органски реагира на боите што ги чувствува.
Постојат експерти и терапевти што работат со боја, но реално, не мора да се потроши богатство или да се направи којзнае што. Всушност, можете сами да пробате колор-терапија и тоа само со гледање надвор. Или, можете да почнете да собирате предмети во вашата околина и да седите пред нив за да видите која боја ви предизвикува емоција. Понатаму, тие што ги интересира колор-терапија можат да пробаат да го наместат плакарот, или полиците за книги според боја. Кога се реди по боја, појасно се отвора можноста да видиме кои бои нѐ привлекуваат и кои бои нѐ одбиваат. Ова е начин да се открие терапевтскиот процес и да се открие кои бои ни помагаат кога ни е потребно тоа, без разлика дали е физички или психички.