5 грешки при отстранување шминка (и како е правилно)

Не дека е најзабавниот дел од сѐ што е поврзано со шминката, особено кога е доцна навечер и сме уморни, ама е сепак е меѓу најважните моменти. И да, има погрешни начини да се извади шминка.

За да се направи како што треба, важно е да се научи како не треба.

Грешка 1:
Користите отстранувач за шминка на очи - по целото лице

Отстранувачите што се специјално за очи не се маркетиншка финта - потешки се од обичните, содржат и масла. Ова е добро ако сакате да отстраните тешка, тврдоглава маскара, но затвора пори и знае да предизвика исфрлање на остатокот од кожата.

Грешка 2:
Користите обичен чистач за тешка шминка

Производите не функционираат ако кожата не е чиста, и тоа важи и за шминката. Обичниот чистач веројатно не е доволно силен за да исчисти сѐ како што треба, и ако имате остатоци од шминка на лицето, ни хидратантните креми ни другите производи нема да си ја завршат работата.

Грешка 3:
Претерување со влажни марамчиња

Добри се, особено за патувања или преспивања некаде, ама не треба само на нив да се потпираме. Не само што водат до растегнување на кожата туку и не си ја вршат работата ефикасно и до крај. А ако имате осетлива кожа, тогаш хемикалиите од марамчето што остануваат на неа можат да ја изиритираат.

Грешка 4:
Силно триење

Едноставно кажано, кожата на лицето е многу поделикатна од кожата на телото. Ова значи дека ако го триеме телото со луфа или рапава ракавица, не смееме истото да го правиме и на лицето. Мкнење и триење со памучиња или марамчиња за шминка е штетно и тотално непотребно. Попаметно и покорисно е да се инвестираат неколку минути плус, за нежно отстранување со кружни движења, па тапкање со мек пешкир за да се исуши.

Грешка 5:
Прескокнување на вилицата, вратот и линијата од каде што почнува косата

Се мачите со исфрлање на вилицата или челото? Можно е баш оваа грешка да ви го создава проблемот. Лекарите велат дека и најчесто се греши ова, бидејќи иако луѓето наутро ги шминкаат овие делови од лицето, најмалку грижа при отстранување на шминката им посветуваат навечер. А важни се, затоа што вратот прв покажува знаци на стареење.

А сега, вистинскиот начин да се исчисти лицето:

Треба двојно чистење - првиот дел е нешто за отстранување на шминката, на пример со балзам за чистење, кој како производ има способност да ја истопи, без да ги запуши порите. Истовремено, дава луксуз да се прескокне чистачот за очи, затоа што балзамите по правило смеат да се користат и на нив. Можете да употребите и масло за чистење или мицеларна вода ако сакате - и двата производи ќе отстранат сѐ што треба. Кога шминката ќе почне да се распаѓа, исплакнете сѐ со топла вода.

И не се запира таму: Иако сте ја отстраниле шминката, кожата не ви е чиста. Вториот дел за почнува со чистач за лице, кој ќе ви даде сигурност дека баш сѐ е извадено, плус нечистотија, масност и секакви други непоканети работи што затвораат пори.

После тоа со мек пешкир се тапка лицето и се почнува со рутина за кожа.

И не заборавајте да го менувате пешкирот на секои 2-3 дена.

29 јули 2021 - 10:31