Како децата стануваат славни?

Обично до слава се доаѓаше како возрасен - ако си роден под таква ѕвезда. Не дека немало Дру Баримор и порано, ама денес изгледа како кај и да се завртиш, да има по некое славно дете што заработува милиони на Јутјуб.

Првиот импулс е да помислиш дека имале среќа – дека некое дете случајно ќе запее на улица, некој ќе го сними, ќе стане вирално и следна сцена – го гледаш на црвен тепих. Но вистината е малку посложена.

Сепак, истражувањата покажуваат дека славата кај децата ретко е случајна. Постојат одредени обрасци и структури што водат до тоа некое дете да стане славно. Многу често, тука се вклучени амбициозни родители, агенции, медиуми и културни норми кои охрабруваат ваков тип на успех. На пример, родителите често се тие што ќе забележат некаков „талент“ кај своето дете и ќе почнат активно да го промовираат – преку кастинзи, натпревари, снимања и присуство на социјалните мрежи. А, денес не ни мораш да се молиш со агенции и продукции да ти го видат „колку е талентирано“ – доволно е телефон со камера и добар интернет.

Алгоритмите на платформите како ТикТок и Јутјуб дополнително ја поттикнуваат оваа појава. Децата често добиваат внимание поради нивната симпатичност, искреност и „несовршеност“, што ги прави привлечни за публика од сите возрасти. Една добра снимка може да ја отвори вратата кон милиони прегледи, медиумски интерес и дури и понуди за соработка.

Но, славата доаѓа со своја цена. Децата кои растат под лупа на јавноста се соочуваат со притисоци кои нивните врсници не ги чувствуваат. Од очекувања, до осудување, до губење на приватност – славата може да биде товар што малкумина можат да го носат на млади години. Баш ѕирнете го документарецот за Пајпер Рокел на Нетфликс.

Покрај тоа, младите славни личности често треба да продолжат да го „одржуваат“ својот имиџ. Она што било слатко на осум години, можеби не е прифатливо на дванаесет, затоа што публиката е непредвидлива, а индустријата – немилосрдна. И ако дете стане славно премногу рано, постои реален ризик славата да згасне пред воопшто да има поима кое е и што е во животот.

Славата, особено во детството е често комбинација на амбиции, системи и многу внимание – и не секогаш од вистинските причини. Значи, пак - видете го Bad Influence: The Dark Side of Kidfluencing.

5 јуни 2025 - 11:58