Го видовте ли Били Зејн како Марлон Брандо?

Филмот веќе некое време се спрема, ама излегоа првите фотографии од Зејн во костим и шминка - и страшно е.

Еди Ведер е од наша

Еди Ведер прекина концерт на Перл Џем за да стави на место еден рагбист што се бунел против женски права.

Бјанка Џегер на коњ во Студио 54

Бјанка Џегер сака да разјасни нешто околу една ноќ во Студио 54, што се појавува на секоја ретроспектива за клубот од 1977 па наваму.

Хак за шминка од Лиса Елдриџ

Хакот е едноставен, а прави чуда за финалниот изглед на шминката.

Орсон Велс: Пријателството пред уметноста

Звучи чудно еден од најценетите уметници да си кажува вака искрено, ама па отсекогаш било освежување да се слуша искреноста на Орсон Велс.

Што се случи со уникатната убавина?

Во еден момент, сите посакаа да го имаат истото лице. Не само што јавните личности почнаа да се оперираат, фарбаат, шминкаат и носат исто, туку и обичниот свет тргна по нив.

Треба ли славните да споделат дека слабеат со апчиња?

Пејачката и водителка Кели Кларксон откри дека и таа е меѓу тие „двајца од петмина возрасни Американци што пробале хемии за слабеење“.

Зошто Џејмс Каан не стана ѕвезда после „Кум“?

Не дека не беше битен, не е дека не го знаат сите, играше во многу успешни филмови во 1970-те, но не станаа баш класици како филмовите на Дастин Хофман, Ал Пачино и Роберт Редфорд.

Пиењето на плажа може да биде ризично

Сега ќе почнете по плажи, еве кај е уште еден продолжен викенд, па да се потсетиме како е ова поврзано со дехидрација и давење.

Само да објасниме некои работи

Во одбрана на човекот што ѝ се обратил на девојкава - корекциите стварно ѝ вредат за сите пари. Ама сепак, да објасниме некои работи.

Вистинската љубовна приказна на Мери Остин и Фреди Меркјури

Кога прв пат ја запознал, имал 24, а таа 19 и во тој момент ни тој, ни таа не можеле да замислат каква иднина ги чека.

Џејн Фонда во Кан

Да ѝ се порадуваме.

Art Nouveau: Што остави Виктор Oрта

Виктор Oрта е пионер на правецот Арт нуво, чија оставштина долго беше игнорирана, но конечно светот се свести за него. Придонеси кон движењето има многу, особено во урбаната средина на градот што најдобро ја истакнува неговата суштина - Брисел, каде што има над 2000 Арт нуво градби. Самиот има дизајнирано многу архитектонски детали - тапети, мебел, ќилими и кваки. Неговите дела се заштитени од УНЕСКО.

Советите на Џенифер Гарнер за жени над 50

Сите новинари што имале некаков контакт со Џенифер Гарнер се паднати во несвест колку е топла и фина. И советите се такви, а за разлика од други совети од други славни жени, овие е достижно да го послушаш.

Да видите една анализа од убав психопат

Девојчето е психопат и не, не е ова навреда, сама си кажа дека е дијагностициран психопат на крајот на видеото, ете спојлер. Тоа само помага ладно да гледа на работите и на теоријата што ја има за „привилегии за убавина“ и многу држи вода.

Фанови почнуваат масовно да блокираат ѕвезди за казна

Обичниот народ е изнервиран од најмасивните славни личности и фактот што или не споделуваат ставови за Палестина, или не ја поддржуваат, или не кажуваат доволно.

Зошто Марта од „Baby Reindeer“ ги завршува мејловите со „Испратено од ајфон“?

Прво, гледавте ли Baby Reindeer? Вистинска приказна е, за еден комичар и жената што ќе се опседне со него. На жената ѝ е дадено фиктивното име Марта. Sирнете, интересно е.

Еротика на телевизија во ‘60-те

Во 1950-те, жена облечена само во горна пижама заводливо им се обратила на луѓето на телевизија и било скандал.

Од жени што треба да се учат во школо: Едит Кларк

Родена е во мала земјоделска заедница во Мериленд, САД, 1883, а ги има одново дефинирано границите на инженерството и технологијата и тоа како жените се вклопуваат во овој свет.

Некогаш само треба да однесеш колачи

Една чистачка во институтот Туксбери во Масачусетс во еден момент го начекува др. Френк Мејфилд кој ја наоѓа во просториите на институтот и бара да му раскаже за историјата на местото. Од таму, наводно, доаѓа приказната за жената заради која што денес ја знаеме Хелен Келер.

Пионерскиот објектив на Ен Бригман

За да сними женски акти во природа, Ен Бригман понекогаш со недели кампувала во Сиера Невада. Со тешка опрема качена на кочии што се движеле низ долината Сакраменто, за на крај да стигнат до живописните локации, патувала со сестра ѝ Елизабет и цело друштво жени да кампуваат, пешачат и да позираат за нејзините фотографии.

Она што на Бригман ѝ успева е како уметник да ги оформи американските модернистички, феминистички и пејсажни фотографски традиции - и е една од првите жени што себеси се сликала гола. Прв пат изложува во Сан Франциско во 1902, а има објавено и поезија и уметничка критика. За жал, нејзината работа низ годините се губи, но оваа година Њујоркер решава да ѝ оддаде почит.

Саманта беше во право за сè

Дали и вие сте пуштиле репризи од „Сексот и градот“ години подоцна, само за да сфатите дека од епизода во епизода, на Саманта ѝ е „свака ко Његошева“ и дека за сè беше во право?

Харпер Ли, Труман Капоте и неочекуваниот подарок што ја донесе „Да се убие птицата подбивница“

За тоа како луѓето што ја разбираат потребата од уметност можат да повлијаат на создавањето на едно од најважните книжевни дела и за пријателството на Харпер Ли и Труман Капоте.